send link to app

PSS - ПСС app for iPhone and iPad


4.8 ( 5488 ratings )
Productivity Utilities
Developer: NextHop
Free
Current version: 3.2.2, last update: 9 months ago
First release : 25 Nov 2020
App size: 53.04 Mb

ПСС апликацијата e eco friendly и придонесува за одржување на возилата во перфектна возна состојба преку прецизна секојдневна и континуирана аналитика на возилата на своите корисници.

Истата се стреми да го покрене нивото за свесност кај граѓаните дека возилото треба редовно да се сервисира и да биде исправно не само поради безбедносни причини туку и во поглед на загадувањето на воздухот особено во нашата земја.

ПСС апликацијата се состои од шест компоненти и тоа : СОС, Сервис, Документи, Регистрација, Состојба на патишта и Електрични полначи.

За користење на апликацијата постои можност со креирање на нов профил со електронска пошта, или пак со Google/Facebook сметка.
Регистрација овозможува закажување на термин за регистрација, за избраното возило како и избор на подружнуца во која ќе се изврши регистрацијата.
Сервис и одржување овозможува закажување на одреден тип на сервис како на пример балансирање и промена на пневматици, замена на ремен, замена на масло и филтри итн. И овде постои можност за избор на подружница чија што локација најмногу одговара на корисникот како и избор на возило на кое што е потребен сервис.
Документи и барања овозможува креирање на барање за изработка на одреден документ на пример меѓународна дозвола или дозвола за управување на туѓо моторно возило итн. И во овој дел корисникот има можност да одбере локација и време од каде и кога ќе го подигне посакуваниот документ.

СОС делот на корисникот му овозможува брзо известување на ПСС сервисот за проблем со возилото на пат, при што испраќа барање за помош на пат. Во овој случај вработените во ПСС добиваат известување за точната локација на корисникот преку координати како и информации за да стапат во контакт со корисникот.

Состојба на патишта им овозможува преглед на состојбата на патиштата низ државата користејќи ги јавните камери.

Во делот Електрични полначи корисниците имаат можност да ги лоцираат сите електрични полначи во државата како и најблиските до моменталната локација на корисникот. Доколку корисникот прифати користење на локација од неговиот уред има можност за преглед на мапата со полначи и следење рута до избраниот полнач.

Во делот на мој профил корисникот има можност да ги едитира своите податоци, да ги додаде сите свои возила, како и кредитни картички со кои ќе може да врши плаќање на сите услуги што ги нуди ПСС преку оваа апликација.

Во горниот десен агол од менито има можност да се избере членство каде што корисникот ќе може да купи членство кое што му овозможува голем број на поволности и попусти.
Исто така од менито има можност да се избере активности каде што корисникот има можност да го види целиот историјат на сервиси, СОС, документи и регистрации за секое возило посебно
Дополнително од менито има можност да се избере трансакции каде што корисникот има увид во сите детали за сите трансакции кои што се направени преку апликацијата.